Румениге не е сигурен дека раководството на Баерн ќе го продолжи договорот со Нојер

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Членот на Надзорниот одбор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге не е сигурен дека раководството на клубот ќе го продолжи договорот со голманот Мануел Нојер.

„Не знам дали ќе му го продолжиме договорот, но сите знаат колку Нојер е важен за Баерн. Неверојатно е како тој сега се врати во фудбалскиот стил на Пеп Гвардиола“, изјави Румениге за Kicker.

38-годишниот Германец има активен договор со Баерн до летото 2025 година. За „баварците“ има 529 натпревари, има примено 435 гола, а на 247 меча нема примено гол.

Во август Мануел Нојер објави дека ја завршува кариерата во репрезентацијата. Светскиот шампион од 2014 година, кој има 38 години, има 124 натпревари за Германија.