Англискиот тренер и поранешна фудбалска ѕвезда Вејн Руни денеска е назначен за тренер на Плимут, соопшти англискиот второлигаш.
Како што беше најавено, Руни (38) потпишал петгодишен договор со клупските челници.
– Преземањето на улогата на тренер во Плимут е совршен следен чекор во мојата кариера. Би сакал да им се заблагодарам на претседателот и на одборот за довербата што ја покажаа во мене. Ова е можност да бидете дел од возбудлив проект. Со нетрпение очекувам да помогнам да се изгради тим кој ќе игра квалитетен фудбал и ќе ја забавува „зелената армија“, навивачите на Плимут, изјавил Вејн на промоцијата.
По феноменалната играчка кариера, Руни го водеше Дерби од клупата од 2020 до 2022 година, а пред да дојде во Плимут работеше и во американските ДЦ Јунајтед и Бирмингем.