Руни: Фергусон се извлече бидејќи знаеше дека клубот пропаѓа

од Vladimir Zorba
369 прегледи

Вејн Руни откри што се случило во 2010 година кога се обидел да го напушти Манчестер Јунајтед. Според него, уште тогаш клубот пропаѓал, а Сер Алекс Фергусон си заминал што е можно поскоро.

„Ми нудеа 200.000 фунти неделно. Ќе ми беше лесно да кажам: „Пет години, 200.000 фунти неделно… ајде да потпишеме.“ Ќе беше лесно да го направам тоа, но сакав успех на теренот. Тоа ми значеше повеќе“, рече Руни во документарната серија за неговата кариера и живот.

„Всушност, ако погледнете пет години по тој состанок. Алекс Фергусон ја знаеше насоката во која оди клубот и излезе што е можно побрзо, а клубот сè уште се обидува да ги спои парчињата“, додаде тој.

Фергусон си замина во 2013 година и оттогаш Манчестер Јунајтед не успеа да се врати во гламурозните години.

Руни ја опиша својата средба со менаџерот во 2010 година: „Го продадовме Карлос Тевез, потоа Кристијано Роналдо. Јас останав единствениот со сличен статус. Отидов во канцеларијата на Алекс Фергусон и му реков: „Каков е планот сега?“ Регрутиравме двајца млади Англичани кои не се докажаа себеси. „Се сеќавам на неговиот одговор: „Излези од мојата канцеларија“.

Во документарната серија, Руни искрено зборуваше и за неговите проблеми со алкохолот:
„Може да се работи за девојки, може да се работи за возење пијан, можеш да убиеш некого, да се убиеш себе си. Знаев дека ми треба помош за да се спасам себеси и моето семејство. Пред 10, 15 години, не можев да влезам во соблекувалната и да кажам дека имам проблеми со алкохолот“.

Слични содржини