32
Вејн Руни, тренерот на Плимут, се соочува со големи проблеми, а неговиот „долг јазик“ скапо ќе го чини. Англиската фудбалска асоцијација (ФА) покрена три постапки против него за навреди и насилничко однесување кон официјални лица на неодамнешен натпревар.
На натпреварот против Блекбурн, поранешниот англиски репрезентативец заработи исклучување при крајот на мечот поради протестирање кон судијата и не баш соодветен речник.
ФА соопшти дека Руни бил обвинет за употреба на „навредливи зборови“, а потоа и „насилно однесување“ по црвениот картон, плус недолично однесување по враќањето на теренот по натпреварот.
Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и англиски репрезентативец доби една недела да одговори на обвинувањата.