Руни: Разговарав со Рашфорд неколку пати, му реков да си замине

од Vladimir Zorba
47 прегледи

Стрелецот број еден во историјата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни изјави дека повеќе не е изненаден од она што моментално се случува со Маркус Рашфорд и дека самиот му препорачал да го напушти клубот бидејќи повеќе не е истиот.

Рашфорд имаше дисциплински проблеми, за кои известуваа медиумите неколку пати во последните години, но ситуацијата околу него драстично се влоши во последните недели. Тој не е играч на „црвените ѓаволи“ од 12 декември кога последен пат беше на теренот во Лигата на Европа против Викторија Плзен.

Неодамна Аморим изјави дека повеќе би сакал да го пушти во игра 63-годишниот тренер на голманите во својот штаб, но не и играч кој не дава се за тимот, демонстрирајќи дека односот меѓу двајцата е сериозно нарушен.

„Бев во Карингтон во неделата за да ги одведам моите деца на натпревар, а Маркус беше таму на тренинг теренот со еден од фитнес тренерите. Беше токму таму каде што поминуваа родителите и мислев дека мора да му е доста непријатно. Бев изненаден кога почнаа овие работи за него пред две години, но сега веќе не сум. Разговарав со него неколку пати и му кажав дека моето мислење е дека треба да го напушти клубот бидејќи што и да се случува во неговиот живот и во Јунајтед, тој повеќе не е истиот. За да има нов почеток, тој мора да оди на ново место. Лудо е тоа што тренерот може да излезе и да каже дека не тренирате добро“, изјави Руни.

Слични содржини