253
Вејн Руни ќе биде нов тренер на Ди Си Јунајтед, објави АП. Според информациите, поранешниот англиски репрезентативец веќе се договорил со американскиот клуб од МЛС Лигата.
Руни играше за Ди Си Јунајтед од 2018-2020 година. Поранешниот голгетер на Манчестер Јунајтед дебитираше како тренер на Дерби Каунти, но летово се раздели со клубот по испаѓањето од Чемпионшип.
Ди Си Јунајтед го отпушти тренерот на тимот Ернан Лосада во април и го ангажираше Чад Ештон на привремена основа. Тимот во моментов се наоѓа на претпоследното 13. место во Источната конференција по десет порази во 17 натпревари.
Слабите резултати го мотивираа раководството за уште една промена.