Руската армија запре обид за масовен напад со беспилотно летало на Крим, соопшти денеска руското министерство за одбрана.
„Шест беспилотни летала беа соборени, уште четири беа оневозможени благодарение на руското семејство системи за електронско војување“, се вели во соопштението, пренесува RT.
Според извештајот, во моментов нема жртви или оштетувања на градската инфраструктура.
Дополнително, во претходните два дена руската противвоздушна одбрана собори 15 украински беспилотни летала во регионите ДНР, ЛНР, Запорожје и Херсон, стои во соопштението.