Русија: Државната дума усвои закон со кој се казнува дискредитација на членовите на Вагнер

од Stefanija Kuzmanovska
139 прегледи

Долниот дом на рускиот парламент, Државната дума, усвои предлог-закон со амандмани за кривична одговорност за дискредитација на учесниците во руската операција во Украина, без оглед на нивниот статус, како и за ширење дезинформации за нив.

Амандманот се смета за потег за заштита на борците ангажирани од приватната паравоена група „Вагнер“, која ја предводи руската офанзива на градот Бахмут во источна Украина, пренесува „Ројтерс“.

Предлог-законот треба да биде одобрен од Горниот дом на парламентот пред да биде проследен до рускиот претседател Владимир Путин на конечно одобрување.

Слични содржини