Русија го повика Гутереш да спречи употреба на „валкана бомба“

од Stefanija Kuzmanovska
210 прегледи

Русија го повикува генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, да направи се што може за да ја спречи Украина да изврши провокација со употреба на „валкана бомба“, изјави денеска рускиот постојан претставник во ОН, Василиј Небензја, во писмо до кое имала пристап агенцијата ТАСС.

„Го повикуваме генералниот секретар на Обединетите нации да направи се што е во негова моќ за да го спречи ова грозоморно злосторство да се случи. Ќе ја сметаме употребата на валкана бомба од режимот во Киев како акт на нуклеарен тероризам“, предупреди Небензја во писмото.

„Валканите бомби“ се направени од конвенционални експлозивни средства, но нивното јадро е опкружено со радиоактивен материјал.

Слични содржини