Руси осуетија шпионски активности на САД во светот

од desk3
92 прегледи

Американската Агенција за национална безбедност (АНС) е фатена како  крие софтвер за шпионажа во хард дискови, изработени од Western Digital, Seagate, Toshiba и други врвни производители во компјутерската технологија. Така агенцијата имала алатки за следење на повеќето компјутерски системи во светот, според поранешни оперативни единици и истражувачи во областа на сајбер безбедноста, соопштува Ројтерс.

Оваа долго барана и строго чувано операција е дел од пакетот на шпионски програми, откриена од рускиот софтвер за заштита Kaspersky Lab, која веќе е изобличи голем број операции за кибершпионажа на Западот.

Од Kaspersky објавија дека откриле персонални компјутери во 30 земји, кои беа погодени од една или повеќе шпионски програми,а како најпогодени се Иран, Русија, Пакистан, Авганистан, Кина, Мали, Сирија, Јемен и Алжир. Меѓу целите се владини и воени институции, телекомуникациски компании, банки, енергетски компании, истражувачки нуклеарни програми, медиуми и исламски активисти, наведуваат од компанијата со седиште во Москва .

Не се соопштува јавно земјата која стои зад шпионската кампања, но се нагласува дека е тесно поврзана со Stuxnet, користено од американската агенција кибероужје за напади врз иранските нуклеарни објекти. Агенцијата за национална безбедност е единица која е одговорна за собирање на е-разузнавачки информации од името на САД.

Поранешен вработен на АНС Ројтерс изјави дека анализите на руските компании се коректни и сеуште луѓето во разузнавачката агенција ги оценуваат многу високо овие програми како Stuxnet. Друг поранешен оперативен офицер од разузнавачката заедница потврди дека агенцијата има развиено прецизна техника за камуфлирање на шпионски софтвер во хард дискови, но тој не знае што точно се шпионира.

Агенцијата одбива да коментира.

Kaspersky објави технички податоци од истрагата, кои треба да помогнат на засегнатите институции да откријат spyware програми – некои од нив датираат од 2001 година.

Откритиен е нов удар за Агенцијата за национална безбедност, која веќе настрада од активностите на поранешниот службеник Едвард Сноуден.