Службеници назначени од Русија и руски воени блогери тврдат дека украинските сили започнале голема офанзива во регионот Запорожје, јужно од Орихив.
„Фронтот во Запорожје – започна вториот бран на контраофанзива на вооружените сили на Украина“, објави денеска на Телеграм Владимир Рогов, член на воено-цивилната администрација на Запорожје.
„Непријателот ангажираше максимални сили за да ја пробие нашата одбрана во правец на Орихив. Рано утринава, по масовната артилериска подготовка и воздушни напади, Украинците извршија напад врз нашите позиции кај Работин“, додаде тој.
„Непријателот успеа да навлезе во три области“
Евгениј Балицки, гувернерот на окупираната украинска област Запорожје, исто така објави дека е во тек украински напад, пишува Си-Ен-Ен. Рускиот воен блогер Рајбар опиша слична ситуација долж јужниот фронт.
„По подготвителната фаза на артилериските напади, украинските јуришни одреди нападнаа и се обидоа да се пробијат североисточно од Работин. Тие започнаа напад со десетици тенкови и оклопни возила. Непријателот успеа да навлезе во три области. Сега има жестоки битки“, наведе Рајбар.
Украина сè уште не ги коментираше овие наводи за офанзивата.