Русија ѝ се закани на Велика Британија со „воен одговор“ откако таа вети дека ќе испрати ракети со долг дострел во Украина.
Министерот за одбрана на Обединетото Кралство рече дека ракетите „Storm Shadow“ ќе ѝ бидат доставени на украинската војска, а „Скај њуз“ дозна дека некои од ракетите се веќе кај украинските војници.
Одговарајќи на извештаите дека е постигнат таков договор, Москва рече дека потегот ќе бара „соодветен одговор од руската војска“.
Украина долго време бара ракети со долг дострел, но САД и другите земји не сакаат да ги достават во случај нападите внатре во Русија да доведат до ескалација.
Storm Shadow е крстосувачка ракета со долг дострел со лансирање од воздух, развиена од British Aerospace и француска компанија која носи конвенционална боева глава од 450 kg со дострел до 200 милји (300 km).
Говорејќи во британскиот парламент, секретарот за одбрана на Обединетото Кралство, Бен Валас, рече: „Донирањето на овие системи за оружје ѝ дава на Украина најдобра можност да се одбрани од континуираната руска бруталност, особено од намерното таргетирање на украинската цивилна инфраструктура, што е спротивно на меѓународното право“.