Русија: Ако Финска влезе во НАТО, Русија ќе ги зајакне своите трупи на границата

од Stefanija Kuzmanovska
229 прегледи

Доколку Финска влезе во НАТО и на нејзина територија се распореди ударното оружје на Алијансата, Москва ќе ја зајакне групацијата на војници на заедничката граница, изјави денеска претседателот на Комитетот на Советот на Федерацијата за одбрана и безбедност, Виктор Бондарев.

„Во случај да се распореди офанзивно, ударно оружје на НАТО во Финска, во наша непосредна близина, ќе ги зајакнеме нашите граници и ќе ја зајакнеме руската групација на војници на границата. Ништо не ја загрозува безбедноста на Русија“, напиша Бондарев на својот канал Телеграм, пренесе агенцијата РИА Новости.

Финскиот претседател Саули Нинисто најави претходно денеска дека неговата земја ќе поднесе барање за членство во НАТО.

Слични содржини