Соединетите Американски Држави и Германија ќе бидат директни соучесници во терористичкиот напад врз рускиот авион „Ил-76“, доколку се покаже дека Киев користел германски или американски системи за противвоздушна одбрана, изјави заменик рускиот амбасадор во Обединетите нации Дмитриј Пољански на Седницата на Советот за безбедност на ОН во врска со соборувањето на авионот „Ил-76“, свикана на иницијатива на Русија.
„Како што покажува прелиминарната истрага, вооружените сили на Украина го извршија тој терористички напад користејќи системи за противвоздушна одбрана. Постојат многу индикации дека тоа би можеле да бидат или американски ‘патриоти’ или ‘ирис Т’ од германско производство. Доколку тоа се потврди, западните земји кои ги испорачале ќе бидат директни соучесници во тоа злосторство“, рече Пољански.
Како што изјави тој, „западните спонзори на криминалниот режим во Киев сносат целосна одговорност за неговите злосторства“.
Посочи дека сите податоци за инцидентот со „Ил-76“ укажуваат на тоа дека се работи за намерно и умислено злосторство од Киев.
„Украинското раководство добро знаеше за рутата и начинот на транспортирање војници до местото на однапред договорената размена“, нагласи Пољански.
Рускиот дипломат додаде дека Русија ги повикува земјите-членки на Советот за безбедност на ОН цврсто да го осудат „тоа и сите други терористички акти на киевската хунта“.
„Молкот во оваа ситуација само ја зајакнува увереноста на корумпираниот диктаторски режим на Зеленски“, подвлече тој.
Пољански посочи дека Русија е револтирана од одбивањето на меѓународните организации да го осудат соборувањето на рускиот воен авион.
„Длабоко жалиме што претставниците на меѓународните организации, во духот на недозволиви двојни стандарди, срамно одбиваат да го коментираат она што се случи“, изјави тој и додаде дека Русија е разочарана што Париз, кој претседава со Советот за безбедност на ОН, не закажал итно седница на Советот за безбедност за инцидентот со „Ил-76“ во средата, туку истата се одржала во четврток.