Русија апелира до Азербејџан и Ерменија да го прекинат крвопролевањето

од Vladimir Zorba

Денеска Русија апелираше до Азербејџан и Ерменија да го „запрат крвопролевањето“ во Нагорно Карабах и да се вратат на „мирно решение“ на ситуацијата во оваа енклава.

Азербејџан денеска објави дека започнал „антитерористички операции“ против ерменските сили во Нагорно Карабах.

„Русија итно повикува на прекин на крвопролевањето и враќање на мирно решение“, изјави за новинарите портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Таа додаде дека „сите фази на мирно решение се прецизирани во договорите потпишани во 2020 и 2022 година“.

Планинскиот регион Нагорно (Горен) Карабах и дел од околните територии се под ерменска контрола од крајот на сепаратистичката војна во 1994 година, но Азербејџан ги врати тие територии во шестнеделната војна во 2020 година, која заврши со прекин на огнот со посредство од Русија, а оттогаш контингент руски мировници е во Нагорно Карабах.

Слични содржини