Руската влада во понеделникот објави дека ќе дозволи да истече договорот со кој се дозволува извоз на украинско жито.
Договорот е склучен во јули минатата година со посредство на Турција и Обединетите нации, а официјално истекува во понеделник на полноќ по локално време, јавува Си-Ен-Ен.
Тоа ѝ овозможи на Украина да извезува жито од нејзините пристаништа, како и безбеден премин преку Црното Море до турскиот Босфорски теснец.
„За жал, делот од црноморските договори кои се однесуваат на Русија сè уште не е имплементиран. Според тоа, договорот беше раскинат. Штом делот што се однесува на Русија ќе се имплементира, руската страна веднаш ќе се врати на спроведувањето на целиот договор“, изјави за новинарите во понеделникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.