
Русија наскоро ќе може да се спротивстави на хиперсоничкото оружје воведено од други земји, изјави рускиот претседател Владимир Путин
Тој додаде дека неговата земја е пред САД кога станува збор за развој на нови видови оружје.
По колапсот на некои договори за контрола на вооружувањето во ерата на Студената војна, и Русија и Соединетите држави ги зајакнуваат своите воени способности – минатата година Русија ги претстави своите први хиперсонични ракети, кои можат да носат нуклеарни боеви глави, додека Пентагон планира да распореди вакви способности на почетокот или средината на деценијата, според Ројтерс.
„Многу е веројатно дека, до моменто кога водечките земји во светот ќе поседуваат такво оружје, ќе имаме средства да се бориме со хиперсонично оружје“, рече Путин за РИА Новости.
Русија и САД имаат приближно еднакви количини нуклеарно оружје, а Путин истакна дека Москва е пред Вашингтон кога станува збор за развој на напредно оружје, наведува Ројтерс.