Русија е шампион во Дејвис купот!

од Nikola Popovski

Дејвис куп репрезентацијата на Русија ја освои титулата со победата над Хрватска во финалето со максимални 2-0, бидејќи триумфите над Борна Гојо и Марин Чилиќ ги остварија Андреј Рубљев и Данил Медведев.

Русија се пласираше во финалето на Дејвис купот со победата над Германија, додека Хрватска ја елиминира Србија.

Во првиот сингл играа Андреј Рубљов и Борна Гојо, а во вториот Данил Медведев и Марин Чилиќ.

Двата дуели завршија во два сета.

Слични содржини