179
Руски проектили погодија терминали за жито на земјоделска компанија во јужниот дел на украинската област Одеса, при што беа повредени две лица, соопшти денеска регионалниот гувернер Олег Кипер.
„За жал, беа погодени терминалите за жито на една земјоделска компанија во регионот Одеса. Непријателот уништи 100 тони грашок и 20 тони јачмен“, наведе Кипер денеска на Телеграм, пренесува „Ројтерс“.
Тоа е четврта ноќ по ред како Москва врши напади врз пристаништето на Црното Море.