Официјален Кремљ ги отфрли инсинуациите дека се меша во претседателските избори во Турција, пренесува АП.
Кемал Киличдароглу, главниот изборен противник на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, ја обвини Русија за објавување лажни материјали на социјалните мрежи пред изборите во недела.
Киличдароглу не прецизираше за кој видео материјал се работи.
„Ако сакате да го продолжиме нашето пријателство и по 15 мај, тргнете ги вашите шепи од турската држава. Сè уште сме за соработка и пријателство“, напиша Киличдароглу на Твитер.