Русија го додаде Гари Каспаров на листата на терористи и екстремисти

од Vladimir Zorba
450 прегледи

Светскиот шампион во шах Гари Каспаров е вклучен во листата на терористи и екстремисти, соопшти денеска Федералната служба за финансиски надзор на Руската Федерација (Росфинмониторинг).

„На списокот е Гери Каримович Каспаров, роден на 13 април 1963 година во Баку, во Азербејџанската автономна Советска Социјалистичка Република“, соопшти Росфинмониторинг, пренесува РИА.

Каспаров веќе е казнет со 30.000 рубљи (повеќе од 300 евра) од судот во Москва поради непочитување на законот за „странски агенти“.

Пред еден месец истиот суд го казни Каспаров со 40.000 рубљи (повеќе од 400 евра) поради објави на социјалните мрежи.

Во мај минатата година Каспаров беше вклучен во регистарот на странски агенти во Русија.

Слични содржини