Руски политичари, експерти и лекари ја коментираа одлуката на Светскиот конгрес за вакцинирање да се прогласи вакцината на американската компанија „Модерна“ за најдобра за превенција на коронавирусот, оценувајќи дека станува збор за политизирана одлука и антируски игри, пренесе „Спутник“.
Како што велат, руската вакцина „Спутник V“ е подобра и побезбедна од онаа на „Модерна“.
На форумот, кој се одржува секоја година во Вашингтон, вакцината на „Модерна“ ја доби номинацијата за „најдобра вакцина против ковид“.
Според веб-страницата на конгресот, вакцината направена од компанијата „Фајзер“ заедно со германскиот партнер „БиоНТек“ – „добила многу висока оценка“. Во потесниот избор влезе и рускиот „Спутник V“, како и препаратот на британско-шведската компанија „АстраЗенека“.