Русија го поздравува повикот на САД за продолжување на нуклеарниот договор

од Stefanija Kuzmanovska
222 прегледи

Кремљ ја поздрави подготвеноста на САД да го продолжи новиот договор СТАРТ за ограничување на залихите на нуклеарно оружје, но предупреди дека успехот „ќе зависи од деталите“.

Новиот СТАРТ договор (договор за намалување на стратешкото вооружување), кој воспоставува контрола над залихите на оружје и овозможува инспекции, стапи на сила во 2011 година и треба да истече на 5 февруари 2021 година.

Новата администрација на американскиот претседател Џо Бајден оваа недела предложи продолжување на пет години.

„Русија е за зачувување на новиот СТАРТ и продолжување на овој договор со цел да се добие време за разговори и контакти. Можеме само да ја поздравиме политичката волја за продолжување на овој документ“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Меѓутоа, тој додаде дека „сè ќе зависи од деталите на овој предлог, кој допрва треба да се проучи“.

Слични содржини