Русија го продолжи притворот на американската кошарка Гринер

од Nikola Popovski

Американската кошаркарска ѕвезда Бритни Гринер (31), која од февруари е во притвор во Москва поради обвинение за шверц на дрога, рускиот суд ѝ одреди притвор до 2 јули, објави руската државна новинска агенција ТАСС.

Една од најпознатите американски кошаркарки, двократна олимписка победничка и освојувачка на титулата во ВНБА со Феникс, беше приведена на аеродромот во Москва во февруари откако цариниците, наводно, пронашле кај неа масло од канабис, по што била обвинета за шверц на дрога, што е кривично дело за кое е предвидена казна затвор до 10 години.

Американскиот Стејт департмент смета дека 31-годишната кошаркарка била „неправедно приведена“. Во изминатите седум години надвор од ВНБА сезоните во Америка, Гринер настапуваше за рускиот великан Екатеринбург, со кој освои четири европски титули.

Фото: Michael Gonzales/NBAE via Getty Images

Слични содржини