Русија денеска во Советот за безбедност на ОН оцени дека Хашкиот трибунал „ја дискредитираше целата идеја за меѓународна правда”.
На седницата за последниот извештај за работата на Трибуналот, рускиот амбасадор рече дека судот применувал „двојни аршини” во својата работа, бидејќи никој не бил осуден за „варварските” злосторства над Србите.
Русија оцени дека Трибуналот „ги поткопа напорите“ во поранешна Југославија „да се воспостави мир со постигнување на правдата“ со тоа што неговите пресуди предизвикале нови спорови меѓу државите и народите во регионот.
– Трибуналот ќе остане запишан во историјата како суд кој Воислав Шешељ го држеше во притвор 11 години, рече претставникот на Русија, Сергеј Кононученко
Според него, Трибуналот не обезбедил соодветна медицинска помош на обвинетите, иако го тврдел спротивното.