Русија и Кина ги почнаа заедничките поморски вежби во Средоземното море

од desk3
86 прегледи

 

Девет бродови на руската и на кинеската морнарица почнаа во Медитеранот заеднички воени маневри кои ќе траат до 21 мај, соопшти руското Министерство за одбрана.

js2013

Вежбите се одржуваат во момент на големи тензии меѓу Русија и Западот поради Украина и се поизразените кинески територијални претензии над Јужното Кинеско Море.

Штабот на маневрите е на рускиот носач на ракети Москва, кој е дел од Црноморската флота со база на Крим. Вежбите се под назив Поморска соработка 2015 и според руски претставници „не се насочени против некоја трета држава“.

Рускиот вицеадмирал Александар Фодетенков вели дека цел на маневрите е „јакнење на взаемното разбирање меѓу морнариците на двете држави со цел унапредување на стабилноста и спротиставување на новите предизвици и закани од море“. /МИа