
Русија и Кина шират дезинформации за да го зголемат своето влијание во земјите на НАТО и во Европската унија и да ги дестабилизираат во контекст на пандемијата на коронавирус. Ова го изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Руските и кинеските играчи, државни и недржавни, шират информации и пропаганда за да ја нарушат вистината. Ова е погрешен став“, рече тој во интервјуто за италијанската Ла Репблика.
Генералниот секретар на НАТО истакна дека не гледа „друга причина за ваква пропаганда и дезинформација“, отколку обиди да се влијае на политичките процеси во сојузот и во ЕУ и да се дестабилизира светската состојба. Столтенберг не посочи конкретни примери на дезинформации од Русија и Кина.
„Покрај тоа што се шират дезинформации преку изјави на кинески и руски официјални лица, постои и проток на лажни вести од скриени извори“, рече Столтенберг, повикувајќи се на информации за евентуално писмо за повлекување на групата на НАТО од Литванија.
Според него, „ако има слободни медиуми, дезинформацијата нема да победи“.
Во интервјуто, генералниот секретар се осврна на помошта на Русија за Италија во борбата против коронавирусot. Според него, Русија ја претвори мисијата во пропагандна операција. „Го мобилизирав НАТО и сојузниците направија многу за да си помогнат едни на други во борбата против вирусот. Во принцип, владите мора да одлучат дали да прифатат помош од оние што ја нудат. Но, важно е помошта да не се користи за дезинформации “, рече Столтенберг.
Претходно, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, коментирајќи ги обвинувањата на ЕУ против Руската Федерација во врска со дезинформацијата за коронавирусот, рече дека Европската унија не доставила факти за наводна дезинформација од страна на Русија за пандемијата.
Што се однесува до помошта на Русија кон другите земји во контекст на пандемијата на коронавирус, според портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, станува збор за чисто хуманитарно прашање. И заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, изјави за РИА Новости дека оние што ја обвинуваат Русија дека помагаат na други земји против KОВИД-19 се обидуваат да постигнат политички цели или бесрамно да лажат.