Русија и САД разменија затвореници

од Nikola Popovski
238 прегледи

Русија и САД денеска разменија затвореници. Како дел од размената, Русија го ослободи Тревор Рид, поранешен маринец од Тексас, кој беше уапсен во летото 2019 година, откако руските власти објавија дека нападнал полицаец во алкохолизирана состојба додека бил одведен во полициска станица.

– Како резултат на долгиот преговарачки процес, на 27 април 2022 година, американскиот државјанин Тревор Рид, претходно осуден во Руската Федерација, беше разменет за рускиот државјанин Константин Јарошенко, кој беше осуден на 20 години затвор пред американски суд во 2010 година, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров, рече дека „размената на затвореници е резултат на долгиот преговарачки процес“, според Ројтерс.

Од друга страна, Јарошенко е пилот кој отслужил 20-годишна затворска казна во САД поради заговор за шверц на кокаин во земјата. Тој беше уапсен од американските специјални сили во Либерија во 2010 година.

Слични содржини