192
Надлежните власти во Русија и Соединетите Американски Држави се во преговори за потенцијална размена на затвореници, изјави денеска заменик-портпаролот на руското министерство за надворешни работи, Иван Нечаев, пренесува ТАСС.
„Ова го коментиравме неколку пати. На 5 август рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров потврди дека Русија е подготвена да разговара за ова прашање, но само во рамките на каналите за кои преговараа рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џозеф Бајден“, рече рускиот дипломат.
Тој потсети дека на надлежните органи им било наложено да преговараат за ова прашање и дека таква комуникација моментално постои меѓу нив, јави ТАСС.