Русија идентификува нова варијанта на корона, која е повеќе заразна од делта сојот

од Nikola Popovski
515 прегледи

Русија пријави случаи на инфекција со нова варијанта на коронавирусот, за кој се верува дека е позаразна од сојот делта поради рекордното зголемување на бројот на заразени и починати, што ги принуди московските власти повторно да воведат порестриктивни мерки, пренесува Радио Слободна Европа.

Можно е варијантата AY.4.2 да биде широко проширена, изјави денеска постариот истражувач во рускиот здравствен супервизор Роспотребнадзор, Камил Кафизов.

Тој додаде дека новата варијанта може да поттикне скок на стапката на нови случаи на Ковид-19, а на крајот може дури и да го замени делта сојот, иако, како што изјави, процесот најверојатно ќе биде бавен.

Русија има убедливо најголем официјален број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа и четврт најголем во светот.

Слични содржини