Кина е опасна за Соединетите држави на долг рок, а Русија – на краток рок, изјави заменик-раководителот на Мешовитиот комитет на началникот на Генералштабот на вооружените сили на САД, генерал Џон Хејтен.
– Главната опасност за оваа нација е, на долг рок, Кина, а на краток рок – Русија. Треба да се осигураме дека ќе се фокусираме на нив“, рече Хајтен, говорејќи на Институтот за нови технологии.
Тој така одговори на барањето да се потврдат информациите за американските планови за крај на борбената мисија во Ирак. Хајтен додаде дека нема да дава изјави на таа тема, бидејќи, како што вели, Пентагон само ги спроведува одлуките што се носат во Белата куќа.
Според него, она што се виде во Авганистан или „како се одвиваат настаните во Ирак сега“ е „разбирање дека не смееме да ги игнорираме заканите на Блискиот исток, туку да се справиме со нив на поинаков начин“.