Русија има нафта и гас за следните 50 години

од Milan1

Русија има резерви на нафта во следните 30 години, а гас за 50 години, изјави вицепремиерот на Русија, Александар Новак.
„Русија има огромни резерви на нафта и гас. Според сегашните услови и нивото на производство во Русија, има доволно резерви на нафта за околу 30 години, а гас за околу 50 години“, рече Новак.

Тој изрази надеж дека овие ресурси ќе бидат барани на енергетскиот пазар и во наредните години.
Цената на гасот утрово повторно ја надмина границата од 1.100 долари за илјада кубни метри, додека нафтата се купува за 75,2 долари за барел.

Слични содржини