Русија исплати уште една обврска кон странските кредитори – преку американска банка и во долари

од Vladimir Zorba
164 прегледи

Руското Министерство за финансии денеска соопшти дека целосно го платило купонот на еврообврзницата со рок на доспевање во 2029 година, што е второ успешно подмирување на нејзините обврски врз основа на надворешниот долг во изминатата недела.

Според соопштението на министерството, рускиот државен депозитар за порамнувања добил 65,63 милиони долари за уплата на купонот, пренесе Ројтерс.

Исплатата на рускиот купон на државната обврзница која доспева во 2029 година е извршена преку кореспондентската банка JPMorgan Chase & Co., изјави извор за британската агенција.