Русија: Историчар осуден на 13 години затвор

од Vladimir Zorba
152 прегледи

Руски суд денеска го осуди историчарот Јуриј Дмитриев на 13 години затвор откако ја смени претходната пресуда со која Дмитриев беше осуден на три и пол години затвор за сексуално злоставување на неговата посвоена ќерка.

Дмитриев (64), историчар познат по справување со злосторства од времето на Сталин, во јули беше прогласен за виновен за сексуално злоставување на неговата посвоена ќерка и осуден на три и пол години во градскиот суд во Петрозаводск во автономната република Карелија, во северозападна Русија.

Тој ги негираше обвинувањата, а неговиот адвокат и приврзаници тврдат дека се измислени затоа што соработувал со групата за човекови права „Меморијал“, пренесува Ројтерс.

Тие тврдат дека неговото вистинско злосторство е што тој се посветил на документирање на кампањи на политичката репресија и прогонства во Советскиот Сојуз, познати како „Големата чистка“, со наоѓање масовни гробници и бележење акти на државна репресија.

Еден од адвокатите на Дмитриев рече дека ќе поднесе жалба против оваа одлука, пренесува Интерфакс.

Американската амбасада во Москва ја осуди одлуката на рускиот суд.

За време на судењето во 2018 година, Димитриев беше ослободен од првичните обвиненија за детска порнографија, кои вклучуваат обвиненија за сексуално злоставување на неговата посвоена ќерка, но таа пресуда подоцна беше поништена и наскоро беше уапсен врз основа на ново обвинение.