Во текот на ноќта и во средата наутро Русија ја нападна Украина со крстосувачки ракети од стратешки бомбардери, а нешто подоцна следеше и самоубиствен напад со беспилотно летало, соопштија украинските власти.
Според украинската авијација, шест авиони Ту-95МС полетале за Украина, пренесува Укринформ.
Во средата наутро во Киев се слушнаа експлозии откако украинските воздухопловни сили ја ставија целата земја во состојба на готовност за воздушен напад по лансирањето руски ракети, пренесе Танјуг.
Во првиот ракетен напад по повеќе од два месеци, Русија употреби балистички и крстаречки ракети лансирани од стратешки авиони, соопшти украинската армија.
„Експлозии во градот. Силите за противвоздушна одбрана оперираат. Останете во засолништа“, соопшти градската управа на Киев на Telegram.
Во исто време Русија ја нападна и Украина со беспилотни летала.
Самоубиствени беспилотни летала се забележани на многу области, а според последните податоци на украинските воздухопловни сили, една група била лансирана кон Киев, пренесе Укринформ.
Украинските власти не соопштуваат дали во нападите досега има жртви или материјална штета.