Русија ја одобри вакцината „Спутник Лајт“, се дава во една доза: „Ефикасна е против новите видови“

од Vladimir Zorba
376 прегледи

Русија ја одобри употребата на вакцината против корона „Спутник лајт“, која се дава во единечна доза.

Според рускиот фонд за директни инвестиции, оваа вакцина се покажала ефикасна против сите нови соеви на коронавирус.

Претходно, министерот за здравство, Михаил Мурашко, рече дека првите резултати од студијата за вакцината „Спутник лајт“ се доста охрабрувачки.

Тој не исклучи дека вакцината може да се користи за ревакцинација.

Слични содржини