Во вторникот Русија оцени дека Кина има право да преземе „неопходни мерки за заштита на својот суверенитет“, велејќи дека посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, е „очигледна закана“.
– Кинеската страна има право да ги преземе неопходните мерки за заштита на својот суверенитет и територијален интегритет во врска со проблемот со Тајван – соопшти руското министерство за надворешни работи.
Министерството ја нарече посетата на Пелоси на Тајван „очигледна провокација“ која треба да ја заузда Кина.
Кинеската војска соопшти дека ќе „покрене серија насочени воени акции како одговор“ на посетата.
– Го повикуваме Вашингтон да се воздржи од акции кои ја поткопуваат регионалната стабилност и меѓународната безбедност, како и да ја препознае новата геополитичка реалност во која веќе нема место за американската хегемонија – соопшти руското МНР.