Денеска, 26 април, „Булгаргаз“ ЕАД доби известување дека испораките на природен гас од „Газпром Експорт“ ќе бидат прекинати од 27 април 2022 година, соопшти Бугарското Министерство за енергетика.
-Бугарската страна во целост ги исполни своите обврски и навремено, строго и во согласност со клаузулите, ги изврши сите плаќања што се бараат според овој договор, потсетуваат од министерството.
По анализа на државната компанија Булгаргаз и Бугарскиот енергетски холдинг (БЕХ), било откриено дека новата процедура за плаќање во две фази предложена од Русија не е во согласност со постоечкиот договор до крајот на оваа година и претставува значителен ризик за Бугарија, вклучително и плаќања без да добиваат испораки на гас од руска страна.
-Министерството за енергетика, бугарскиот енергетски холдинг, Булгаргаз и Булгартрансгаз презедоа чекори за изнаоѓање алтернативни аранжмани за снабдување со природен гас и за справување со ситуацијата. Во моментов во Бугарија не се потребни рестриктивни мерки за потрошувачка, стои во соопштението испратено до бугарските медиуми.
Фото: Getty Images