Русија ја продолжи забраната за извоз на бензин до крајот на годината

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Во согласност со очекувањата, Русија денеска ја продолжи забраната за извоз на бензин до крајот на годината.

Забраната за извоз ќе важи од 1 септември до 31 декември 2024 година, а целта на оваа мерка е „одржување стабилност на пазарот на горива“, се прецизира во соопштението.

Како што е наведено, оваа забрана нема да се применува за набавки според меѓународни меѓувладини договори, за испорака на гориво во рамките на меѓународната хуманитарна помош или за извоз на гориво за лична употреба на граѓаните, пишува „Комерсант“.

Претходното ограничување важеше од 1 март до 31 август, но беше суспендирано од 20 мај до крајот на јули поради „заситување на домашниот пазар со моторни бензини и спречување на намалување на обемот на преработка на нафта од страна на поединечни компании“.

Според „Комерсант“, владата на Русија со оваа мерка сака да избегне нагло зголемување на цената на нафтата на пазарот во случај на укинување на забраната за извоз.

Освен тоа, невозможно е да се исклучат ризиците од напади со беспилотни летала врз руските рафинерии кои би влијаеле на понудата и цената на нафтата, додава рускиот весник.

Слични содржини