Русија ја стави украинската евровизиска победничка Џамала на потерница

од Stefanija Kuzmanovska
229 прегледи

Победничката на Евровизија од 2016 година, Џамала, Украинка со кримско-татарско потекло, во октомври беше ставена на потерница на руското министерство за внатрешни работи, пишува „Политико“.

Сузана Џамаладинова, позната како Џамала, е обвинета за дискредитација и ширење дезинформации за руската армија, поради што во ноември беше распишана потерница по неа во отсуство, пренесуваат ТАСС и Риа.

Поранешната украинска претставничка победи на Евровизија со песната „1944“, во која станува збор за депортацијата и етничкото чистење на Кримските Татари од страна на Советите, и оттогаш јавно ја критикуваше руската окупација на Крим, како и инвазијата на Украина.

Слични содржини