Русија ја стави во состојба на готовност пацифичката флота

од Nikola Popovski

Русија ја стави својата пацифичка поморска флота во состојба на готовност како дел од ненадејната инспекција чија цел е зајакнување на одбранбените капацитети, изјави во петокот министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

„Главната цел на оваа инспекција е да се зголеми способноста на вооружените сили да ја одбијат агресијата на веројатниот непријател од правец на океанот и морето“, изјави Шојгу на државната телевизија.

Вежбата, исто така, ќе симулира непријателски слетувања на рускиот остров Сахалин и неговите јужни Курилски острови, од кои некои претендирани од Јапонија во територијалниот спор датира од крајот на Втората светска војна.

Началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов изјави дека руските поморски сили ќе бидат распоредени во областите за обука и ќе вршат борбени вежби.

Слични содржини