Русија ќе го заврши „Северен тек 2“ и покрај санкциите на САД

од Stefanija Kuzmanovska
380 прегледи

Русија сака да го заврши контроверзниот гасовод „Северен тек 2“ и покрај новите санкции на САД, изјави во вторникот за „Интерфакс“ владиниот портпарол Дмитриј Песков.

Москва планира „да продолжи да работи на завршување на тој проект“, рече Песков, пренесува Хина.

Русија жали за одлуката на САД да воведат санкции за проектот, додаде тој.

„Овој меѓународен проект продолжува да се соочува со брутален, нелегален притисок на САД“, рече Песков.

Американската амбасада во Берлин ја извести германската влада за санкциите во понеделникот, изјави за ДПА портпаролот на германското Министерство за економија. Речиси завршениот гасовод „Северен тек 2“ се очекува двојно да ја зголеми количината на гас што Русија ја испраќа до Германија преку Балтичко Море.

Но, САД под претседателот Доналд Трамп тврдат дека гасоводот ќе ја зголеми енергетската зависност на Европа од Русија. Поради претходната закана од САД за санкции, работите за изградба на гасоводот беа прекинати во 2019 година, но тие продолжија минатиот месец.

Слични содржини