Владимир Путин денеска наредил да започнат преговори со Белорусија за создавање на нејзина територија на руска авиобаза. Соодветен документ веќе е објавен на сајтот на претседателството.Таа воздухопловна база ќе им овозможи да се оддалечи од руските граници ризикот за воведување во борба на истребувачка авијација и во случај на воен конфликт да му остави на противникот помали шанси да нанесе удри по територијата на РФ , коментирал за РИА Новости, претседателот на Академијата за геополитички проблеми Константин Сивков.
“Создавањето на руски бази надвор од територијата на РФ ги оддалечува од нас потенцијалните воени закани” – рекол Сивков. При тоа РФ и Белорусија во суштина се единствен простор.
“Создавањето таму на база е зајакнување и на самата Белорусија. Ако го знаеме фактот дека руските и белоруските вооружени сили на западните и северозападните стратешки насоки ќе бидат употребени фактички во единствен оперативен план под единствена коалициска команда, тогаш ова е сосема правилно решение, насочено кон засилување на челната група на руско-белоруските сили во една од најмногу опасните насоки “- ја анализира ситуацијата експертот.
Плановите за распоредување на авиобаза во Белорусија се поврзани и со сложената геополитичка ситуација, истакна Сивков. “Иако денес да е јасно дека” НАТО нема директно да војува, барутот треба да се држи сув, односно треба да имаме потребната група, со чија помош би можеле, доколку НАТО ги зголеми своите сили, да одговориме соодветно “- сумира аналитичарот.
