Русија ќе им дава државјанство на странски борци

од Vladimir Zorba
211 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша декрет со кој им се дозволува на странски државјани кои се борат на страната на Русија во Украина да добијат руско државјанство за себе и за нивните семејства.

Мерката им овозможува на оние кои потпишале договори за време на, како што Москва ја нарекува „специјална воена операција“ во Украина, да аплицираат за руски пасоши, како и нивните сопруги, деца и родители. За ова, тие мора да достават документи кои покажуваат дека служеле најмалку една година.

Тоа го овозможуваат оние кои потпишале договори со редовната армија и други „воени формации“, кои се однесуваат на групи како платениците на Вагнер.

Москва не објавува податоци за бројот на странски државјани кои се борат на нејзина страна во Украина.

Ројтерс претходно објави за Кубанци кои се пријавиле во замена за бонуси во износ од сто пати поголема од просечната кубанска месечна плата, и за тројца Африканци во Вагнер, од кои двајца починале.

Американската разузнавачка служба проценува дека 315.000 војници се убиени или повредени во војната во Украина, или 90 отсто од војниците достапни на почетокот на конфликтот.

Во септември 2022 година, Русија регрутирала уште 300.000 луѓе, во првата мобилизација по Втората светска војна.

Се смета дека Москва би можела повторно да го стори тоа по претседателските избори во март.

Слични содржини