„Русија ќе испорача гас, но одлуката е на Киев“: Што разговараa Фицо и Путин во Москва?

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави дека рускиот претседател, со кого разговарал во Москва, „ја потврдил подготвеноста на Русија да продолжи да испорачува гас за Словачка“, иако тоа на крајот ќе зависи од одлуката на Киев, пишува денеска Политико.

Во неделата, Фицо разговараше „еден на еден“ со Путин како дел од напорите да се обезбеди постојан пристап до евтините руски фосилни горива, потсетува порталот.

Словачкиот премиер на Фејсбук напиша дека „со Путин разговарал за воената ситуација во Украина, можноста за брз мирен крај на војната и меѓусебните односи меѓу Словачка и Руската Федерација“.

Според Фицо, средбата била реакција на изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој во четвртокот одговорил на „неговото лично прашање“ дека е против каков било транзит на гас преку Украина до територијата на Словачка.

Од руската сеопфатна инвазија на Украина пред речиси три години, само двајца шефови на влади на земјите-членки на Европската унија го посетија Путин, австрискиот канцелар Карл Нехамер и унгарскиот премиер Виктор Орбан, потсетува „Политико“.

Во објава на Фејсбук, Фицо изјави дека „највисоките претставници“ биле однапред информирани за неговото патување во Москва.

Слични содржини