Русија лансираше 45 дронови кон Киев и југот на Украина

од Stefanija Kuzmanovska
202 прегледи

Во текот на ноќта, Русија изврши напади со беспилотни летала врз Киев и југот на Украина, при што е ранет најмалку еден цивил, а оштетени се згради и гасовод во речното и морското пристаниште Николаев, објави утрово украинската армија.

Украинските воздухопловни сили преку апликацијата за пораки Телеграм соопштија дека нивните системи за противвоздушна одбрана уништиле 40 од 45-те јуришни дронови „шахед“, лансирани од Русија во текот на ноќта.

„Воздушната тревога во главниот град траеше речиси два часа“, напиша на Телеграм Серхи Попко, шеф на воената администрација во Киев.

Тој додаде дека сите дронови над Киев биле соборени при приближувањето. Според првичните информации, нема жртви или разурнувања во главниот град или во неговата околина.

Небото над Киев беше прогласено за ведро нешто пред 4 часот наутро.

Слични содржини