Маж се самозапали на автобуска станица во рускиот град Рјазан.
Во видео кое кружи на социјалните мрежи, се гледа како маж се самозапалил во рускиот град Рјазан, викајќи дека не сака да оди во војна.
Како што може да се види на снимката, на мажот подоцна му била укажана помош од болничари и полицијата која дошла на местото на инцидентот.
Во Русија владее општ хаос откако Владимир Путин најави делумна мобилизација. Медиумите денеска објавија дека началникот на воениот оддел во Уст Илимск во Русија бил тешко повреден кога бил застрелан од млад човек кој денеска требало да биде мобилизиран.
В Рязани на автовокзале мужчина поджег себя. Он кричал, что не «хочет идти на войну». pic.twitter.com/WkkGNFl4OZ
— IgorGirkin (@GirkinGirkin) September 26, 2022