Русија му го продолжи притворот на американскиот новинар на „Волстрит журнал“

од Stefanija Kuzmanovska
160 прегледи

Окружниот суд Лефортово во Москва му го продолжи притворот на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович за два месеца – до 30 јануари 2024 година, соопшти денеска судот.

„Судската одлука му го продолжи притворот на Еван Гершкович, обвинет за кривично дело од член 276 од Кривичниот законик на Руската Федерација (шпионажа), за два месеца, а вкупно до десет месеци, односно до 30 јануари 2024 година“, се наведува во соопштението, пренесува РИА Новости.

Гершкович беше уапсен на 29 март во уралскиот град Екатеринбург под обвинение за шпионажа, што предвидува казна затвор до 20 години, но тој ги негира обвиненијата.

Слични содржини