Русија надмина еден, а САД шест милиони заразени

од Vladimir Zorba
371 прегледи

Индија евидентирала најмногу нови случаи на Ковид-19 од сите земји во светот во текот на минатата недела, близу половина милион, што придонесе за зголемување на бројот на заразени на глобално ниво за еден процент, соопшти Светската здравствена организација.

Во последниот месец, во Индија се пријавени близу два милиони новозаразени, што е скок од 1,64 милиони на крајот на јули на 3,62 милиони на крајот на август.

Бројот на заразени лица надмина шест милиони во Соединетите држави вчера, каде што се евидентирани повеќе од половина од заразени и смртни случаи во светот, а вирусот продолжува да се шири, иако неодамна има мало опаѓање во некои области, според последниот извештај на СЗО.

Вкупниот број на смртни случаи ширум светот е намален за три проценти во последните седум дена во споредба со претходната недела, а бројот на новоинфицирани е зголемен за 1,8 милиони, според СЗО.

Бројот на заразени лица во Русија надмина еден милион вчера, кога училиштата и другите образовни институции беа повторно отворени низ целата земја, со нови задолжителни мерки на претпазливост. Русија има најголем број случаи во светот по САД, Бразил и Индија, соопшти Универзитетот „Џонс Хопкинс“, кој ја следи состојбата со вирусот откако е откриен.

Според „Гардијан“, руските власти тврдат дека над 800.000 луѓе се опоравиле од оваа болест и дека вкупниот број на смртни случаи, околу 17.000, е помал отколку во многу европски земји. Рускиот кризен центар за вирусот вчера објави дека вкупниот број случаи од почетокот на пандемијата е 1.000.048, бидејќи во последните 24 часа се регистрирани 4.729 нови инфекции, а во истиот период се пријавени 123 смртни случаи, што го зголеми вкупниот број на 17.299.

Слични содржини