Министерството за надворешни работи на Русија соопшти денеска дека ќе одговори со реципрочни мерки на санкциите на ЕУ против руската воена разузнавачка агенција, поради наводни сајбер напади.
„Оваа непријателска акција на ЕУ нема да помине без одговор“, се вели во соопштението на Министерството, додавајќи дека санкциите биле политички мотивирани и дека „во дипломатијата се е реципроцитет“.
ЕУ ја обвинува руската разузнавачка агенција дека во јуни 2017 година извршила два сајбер-напади врз компании во Европа, што предизвика големи финансиски загуби, пренесува Ројтерс.
Руската служба е исто така обвинета за два сајбер напади на украински електрани во 2015 и 2016 година.
Европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел објасни дека санкциите вклучуваат „забрани за патувања и блокирање на средства за поединци и организации“.